2008 година: Никола Топчиоски во своето атеље...

Никола Топчиоски

Никола Топчиоски е роден во 1947 година во Прилеп.

По завршувањето на Правниот факултет во Скопје се вработува како трудов инспектор во Министерството за труд и социјална политика.
Како самоук резбар, започнува да се занимава активно со копаничарство од 1988 година. Првата самостојна изложба ја има во 1996 година во домот на културата Марко Цепенков, каде што пред прилепчани се претставил со педесетина негови дела.

Од 2000 година е член на Друштвото на копаничари на Македонија и член на прилепското друштво за наука и уметност. Има изработено повеќе од 300 копаничарски дела, со кои учествувал на групни изложби во Скопје, Прилеп, Битола и Крива Паланка, а учествувал и на повеќе ликовни колонии.

Изработил и неколку скулптури од дрво од кои се издвојуваат „Крал Марко “ и „Советот во рацете на човекот“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc