Миле Корубин: „Автопортрет“.

Миле Корубин

Миле Корубин е роден во 1922 година во Прилеп.

Во 1951 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Работел во Историскиот музеј во Македонија. Специјализирал во Париз во 1963/64 година.

Неговиот сликарски опус минува низ неколку различни дискурси. Во раната фаза доминантни се влијанијата на некои француски сликари. Најчести мотиви му се фрагментираните урбани пејзажи-патеписи од различните земји во кои престојувал. Богатата колористичка експресија во последната, апстрактна фаза е смирена и артикулирана низ топлите тонски градации.
Добитник е на многу награди и признанија.

Почина во 2000 година во Скопје.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc