Милан Тавчиоски: „Автопортрет“, молив, 1927...

Милан Тавчиоски

Милан Тавчиоски е роден во Прилеп 1910 година.

Завршил трет клас нижа Гимназија, а работел како каменорезец. За неговото творештво зборуваат цртежите во неговата работилница, што се наоѓала во близина на кафеаната „Југославија“. Цртежите се работени по фотографии на разни лица, посебно на тогашни филмски ѕвезди, цртани на хартија со креда или молив, во комбинација со лавиран туш, во натприродна големина и атрактивни пози.

Милан Тавчиоски починал во 1930 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc