Методи Лепавцов - Лемето

Методи Лепавцов – Лемето

Методи Лепавцов – Лемето е роден 1905 година во Прилеп во познато прилепско семејство.

Во 1941 година се преселува во Софија. Во 1948 година заминува во Чехословачка, од каде во 1950 година се враќа во Македонија.

Во 1954 година со семејството живее во Македонија, за веќе во 1956 година, заедно со сопругата и ќерката, засекогаш се иселува и населува во Нојшател – Швајцарија каде што живее се до неговата смрт во 1983 година.

Беше член на Сојузот на Бугарските художници (1941), Сојузот на западночешките уметници (1949), Друштвото на македонските уметници (1955), Друштвото на хрватските уметници (1955), Друштвото на минхенските уметници „Катакомбе“ (1956) и на Здружението на независни париски уметници (1961).

Награден е со повеќе признанија, а направил бројни студиски патувања низ цела Европа и практично нема познат музеј што не го посетил заради усовршување на своите лични квалификации.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc