Љупчо Илиевски

Љупчо Илиевски

Љупчо Илиевски е роден на 30 јули 1955 година во Прилеп.

Во 1984 година се вработува хонорарно во ТАНЈУГ. Во периодот од 1987 до 1993 година работи во МТВ како фоторепортер, а потоа како камерман/снимател се до денес.

Како член на „Фотоклуб 25“ учествува во повеќе групни изложби во периодот од 1980 до 1989 година. Добитник е на втора награда за колекција дијапозитиви на 14-тата Републичка изложба на фотографии и дијапозитиви во 1986 година. Во 1988 година учествувал на филмскиот фестивал во Неум со проектот „Сеќавање“.

Автор е на поштенски марки со тема „Теракотни икони по број 4“ во 1996 година и поштенски марки со тема „Кокино по број 2“ во 2007 година.

Изложби:

1992 година: Самостојна изложба на театарска фотографија Photo Play на МОТ.
1993 година: Самостојна изложба на фотографии под насловот Траги.
1993 година: Изложба на фотографии Театарска фотографија на фестивалот Војдан Чернодрински.
1995 година: Самостојна изложба на фотографии Експеримент.
1997 година: Ретроспективна изложба на Театарска фотографија во МКЦ.
2002 година: Работа на проектот Мегалитска опсерваторија Кокино.
2007 година: Изложба Македонски убавини- Истанбул, Турција.
2007 година: Изложба Кокино низ археологија.
2007 година: Ретроспективна изложба за МКЦ (коавторска)

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc