Ѓорѓи Ачески – Аче

Ѓорѓи Ачески – Аче

Ѓорѓи Ачески – Аче е роден во Прилеп во 1914 година.

Уште како млад почнува со сликање без соодветно ликовно образование. Се што постигнал во сликарството, го постигнал како самоук и без соодветно ликовно образование, а тоа се должи на љубовта кон љубовта кон сликарството, вербата кон себе и талентот.

За неговата заинтересираност кон цртежот, најмногу му должи на Љуба Ивановиќ, кого го нарекувале и „Кралот на моливот“ и важел за еден од најпознатите мајстори на графиката во Југославија.

Неговите цртежи најмногу придонеле да се определи тематски за старата архитектура. Мотивите ги наоѓал во градските периферии и селските населби низ цела тогашна Југославија. Тие за него преставувале непресушен извор на инспирација и притоа, откривајќи ги нивните тајни, се ставал во улога на истражувач.

Денес повеќето стари градби ги има само во неговите цртежи. Има насликано околу 3000 и повеќе цртежи. Не водел евиденција бидејќи сликал скоро секој сончев ден. Неговата прва изложба во јавност била во 1938 година. Има отворено повеќе од 15 самостојни изложби, а има учествувано и на повеќе заеднички изложби.

Добитник е на повеќе награди, меѓу која и наградата за животно дело. Негова позната изјава била: „Можно е да сум постигнал многу, а можно е да не сум стасал никаде, но сигурен сум дека не можев да бидам подруг, освен тоа што сум“.

Ѓорѓи Ачески – Аче почина во 1979 година.

3 коментари

  • Natasha April 17, 2012

    Ги обожавам неговите слики!…..величествени!…..<3 <3 <3

    Respond
  • Снежана Аческа September 14, 2012

    Добар човек,многу духовит, Прилепчани го паметат по многу шеги.Дарежлив..даруваше слики.А во суштина така речи самоук уметник …неговите слики ги има насекаде ,по домовите ,по работните организации.Сликите се сликани со туш и клечка за заби ! Уникални !

    Respond
  • Ljuben December 20, 2015

    Имав чест лично да го познавам!
    Голем човек!
    Аче, почивај во мир!

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc