Борис Николоски

Борис Николоски

Борис Николоски , вајар

Борис Николоски е роден во 1935 година во Прилеп. Завршил Средно уметничко училиште во Скопје, а дипломирал на Ликовната академија во Љубљана во 1959 година, во класата на проф. Франтишек Смерду.

Бил професор по ликовно образование во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Еден е од основачите на Мермерниот симпозиум во Прилеп, кој има меѓународен карактер. Добитник е на многу награди и признанија. Учествувал на многу самостојни и групни изложби. Работи во камен, дрво, бакар, керамика и метал.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc