Благоја Жежоски: „Дете со круша“, 1929 година

Благоја Жежоски

Благоја Жежоски : „Детето со круша”

Фотографијата со овие три деца, забележани од Благоја Жежоски во Прилеп во 1929 година, се смета за еден вид почеток на експериментот кај првите фотографии снимени во Македонија. Фотографијата е сликана на негатив на стаклена плоча во димензии од 128 х 177 мм.

Во содржинска смисла, тоа е приказна за едно дете со круша, поставено централно на фотографијата и други две деца, кои сакаат да му ја земат. Едното дете е со вилушка во раката, а другото само со рачињата.

На сликата неговиот внук Борис е сликан во три експозиции, на црна позадина и на истата плоча, така што е преместувано во трите пози. Ефектот е голем и покрај тоа што може да се забележи дека на детето поради овој начин на „монтажа” во сликата не било можно да му се гледаат стапалата.

Благоја Жежоски работел со својот брат Милан, чиј син Борис е детето на сликата, кој подоцна станал банкарски службеник во Битола. Подоцна и тој бил голем вљубеник во фотографијата, голем познавач со голема збирка на фотографии и фотографска опрема.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc