Емануел Муановиќ (1866 - 1944): „Градот на Крале Марко“.

Уметничка галерија: Прилепски мотиви

Уметничка галерија: Прилепски мотиви

Николо Славин во Прилеп дошол во 1929 година. Тој е белогардејец, потекнувал од благородничко семејство, а во Прилеп живеел во зградата на Институтот за тутун. Заработувал сликајќи мотиви со тутун. За девет години престој во Прилеп, насликал стотина платна со различни димензии и техники. Неговите дела имаат извонредна вредност, заради описот на фазите од тутунопроизводството, приказите на архитектурата и етнографските мотиви. Во 1972 година, неговите дела се вратени од Скопје во Прилеп.

Константин Подушкин во Прилеп дошол 1929 година. Тој бил белогардеец и потекнувал од благородничко семејство. Освен со сликарство, се занимавал и со изработки на макети. Направил осум одлични макети, од кои две се сочувани во Музејот за тутун. Во 1939 година, заедно со Николо Славин, заминал за Америка, каде што бил успешен уметник. Во Институтот за тутун сочувани се 6 негови дела.

Нема Коментари

Коментирај