3 мај 1945: Фактура испратена од „Ерика“ од Суботица до Папазоски Кирил во врска со купо-продажба на козметички средства

Регистар на трговски фактури и белешки на Милан и Кирил Папазоски 1945/47 година

Регистар на трговски фактури и белешки на Милан и Кирил Папазоски 1945/47 година

 Во оваа галерија се претставени трговските фактури и белешки на прилепскиот трговец Милан Папазоски.

Овие документи се пишан сведок за повоените економски прилики со кои се соочил народот а исто така и на неговиот огромен напор за изградба и обнова на економските капацитети затекнати по војната.

По Втората светска војна, покрај уништените стопански капацитети, Југославија и Македонија се соочиле со недостаток на основни суровини, погонски горива, прехранбени артикли и стручен кадар.
Во повоените години трговската мрежа по градовите е недоволно развиена, и се концетрира на мали ситни продавници со мешовита стока т.н бакалници, од каде што граѓаните сеуште се снабдуваат со основни артикли, додека пак ситните трговци, т.е бакалите се снабдуваат со стока од поголемите градови од трговците на големо и од економски поразвиените републики како Хрватска, Словенија и Србија.

Трговците најчесто ги правеле порачките по пошта а стоката ја добивале преку железницата и поштата, но главен проблем на ваков тип на порачка биле променливите цени на производите и транспортот кои варирале поради недостигот на суровини.

Со брзиот раст на индустристкото производство и увозот на стоки за широка потрошувачка, се развива и модернизира трговската мрежа, се шират складишните и продажни капацитети и е воведен современ тип на продажба во специјализирани продавници.
За жал идустрискиот развој има погубно влијание на ситните и независни трговци како Милан и Кирил Папазоски.

Голема благодарност до Јане Дамески за отстапениот материјал

Нема Коментари

Коментирај