Прим. д-р Томислав Шапчески

Прим. д-р Томислав Шапчески

Прим. д-р Томислав Шапчески е роден 1935 година во Прилеп, каде што завршил основно образование и Гимназија. Во 1962 година дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Белград. Истата година се вработил во Медицинскиот центар во Прилеп.

Во 1966 година објавил едногодишна диференцијација по болести на уста во соодветните клиники во Белград, Загреб и Скопје. По враќањето во Прилеп работел како диференциран стоматолог по болести на уста.

По завршувањето на специјализацијата, како прв специјалист од внатрешноста, учествувал во формирањето на Специјалистичко одделение по болести на уста во Прилеп.

Д-р Шапчески има издадено четири стручно-популарни публикации и објавил повеќе од 35 стручни и научни трудови.

Прим. д-р Томислав Шапчески почина во 2011 година.

Нема Коментари

Коментирај