Томе Манески
Роден е во Прилеп, во 1961 година.
Во 1985 година дипломирал на Факултетот зa ликовни уметности и графички дизајн при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1985 година е член на ДЛУМ.
Покрај со сликарство, напоредно, уште од најраните студентски денови, активно се занимава со графички дизајн и илустрации за деца. Автор е на илустрации во повеќе сликовници за деца, енциклопедиски изданија, учебници, книги за деца, списанија и др.
Во периодот 1987-2004 година работи како ликовно-графички уредник во редакцијата „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ – Скопје. Ги уредувал и илустрирал страниците на списанијата за деца: „Росица“, „Другарче“, „Развигор“, „Наш свет“. Досега учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство.
Од 1994 до 2004 година со свои илустрации учествувал на Светското биенале на илустрации во Братислава, Република Словачка. Во 1987 година изложувал илустрации во повеќе градови низ Јапонија.
Коментирај