5 ГОДИНИ ГРАДСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР ВО ПРИЛЕП 1950-1955
„ Роден во услови при какви се раѓаа скоро сите сите наши театри, на 18 февруари 1950 година, со премиерата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ во режија на Аце Михајлоски, Градскиот театар во Прилеп го започна својот професионален живот, продолжувајќи ги светлите традиции на предвоените аматерски трупи, кои претставуваа трибуна преку која зрачеше слободарската мисла на напредните луѓе во градот.
Составен воглавном од млади и неискусни театарски работници, кои освен преголемата љубов кон театарското дело и извесна аматерска рутина не располагаа со ништо друго, поткрепен со грижата и помошта на Народната власт и нескриената љубов и симпатии од Прилепските граѓани, театарот ги направи своите први чекори, чекори прилично несигурни но затоа смели, а кои што се карактеристични за скоро целиот изминат пат на театарскиот колектив.
Надоместувајќи го немањето на доволно театарско искуство со изворедно пожртвување и упорност во работата, како во совладување на пиесите во репертоарот така и во организициона смисла, со секоја измината година театарот се поцврсто застануваше на своите нозе, и оставен често пати сам на себе, борејќи се со изворедни тешкотии, карактеристични за развојот на скоро сите театри во внатрешноста, постигаше такви резултати кои не само што го овозможија неговото понатамошно постоење, туку беа и причина да театарот се здобие со уште поголеми симпатии и љубов од страна на својата публика.
Денес кога се навоѓаме пред прославата на петтгодишнината од постоењето на театарот и фрламе ретроспективен поглед на изминатиот пат, не можеме а да не ги поменеме и сите оние „пороци“ што го следат развојниот пат на скоро сите установи од ваков род, како што се извесни лутања, наивни самозалетувања, репертоарна несигурност и дилетански скршнувања.
Тие слабости се јавија како неминовни и во нашиот развој, но постојаното уочување на тие слабости и секојдневната упорна борба со нив, овозможи да театарот во последниве години постигне и такви резултати кои го афирмираа во својата средина како колектив со озбилен однос кон театарската уметност, годен да дава и дела на повисоко уметничко ниво.
Далеку сме, се разбира, од това да се себезалагуваме, дека дефинитивно сме раскрстиле со сите свои слабости и дека тие можда во оваа или онаа форма нема да се појават пак, но можеме со сигурност да тврдиме дека од ден на ден, продолжувајќи ја упорно борбата на сите јазелни пунктови во развојот на нашиот театар, со постојано подобрување на изведувачкиот кадар и организационата положба во службите, можеме да се надеваме на се поквалитетни резултати.
Во условите во кои се навоѓаме денес, кога нашиот театар се здоби со извонредни простории и технички можности, кога е веќе оформено и езгрото на уметничкиот состав, кога имаме таква конструктивна соработка и однос со органите на нашата Народна власти големата љубов и поврзаност на нашата публика, можеме со право да се надеваме дека во шестата година од своето постоење, со правилната репертоарна политика и односот кон кадровото прашање, пред нашиот колектив се отвараат нови перспективи, кои не окуружуваат да во догледно време, преку борбата за се поквалитетни и поцелосни резултати, се здобиеме и со нужната уметничка афирмација како во нашиот град така и надвор од него.“
1956 година
Управник
Никола Автоски
Коментирај