Димитрие Османли, Тодорка Кондова-Зафиовска и Дарко Дамески...

Тодорка Кондова – Зафировска

Тодорка Кондова-Зафировска е родена на 1 февруари 1926 година во Прилеп. На сцената е од првата претставата на македонски јазик во Македонскиот народен театар – „Платон Кречет“, одиграна на 3 април 1945 година.

Во 1948 година се запишала на отсекот за режија на Академијата за драмски уметности во Белград, кака прва жена во таа прва генерација. Се вратила во 1952 година, како прв дипломиран македонски режисер, а прва режија и бил „Домот на Бернарда Алба“.

Таа е првата жена доцент и редовен професор по актерска игра на ФДУ во Скопје и автор е на книгата „Актерско мајсторство“.
Тодорка е во првите што ја напуштаат Драмата на МНТ и го формираат Драмскиот театар во 1965 година и била режисер на првата претставата во него – „Богомилска балада“. Истата година ја режира и „Бегалка” од Иљоски, која е прва претстава што имала 200 изведби. Играла во сите свои режии.

Ликовите, времето и настаните во нив, главно се од светската класика, а работела и на драми на домашни автори. Дипломирала на отсекот за режија на Академијата за театар и филм во Белград (1952). Работела во Македонскиот народен театар (1945-1964) и во Драмски театар Скопје (1964-1976).

Во периодот 1976 до 1983 година ја водела класата за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Нејзиниот живот трагично завршил на 29 мај 2003 година, кога била прегазена во моментот додека ја минувала улицата на пешачки премин, при што возачот избегал од местото на настанот.

Селективна театрографија:

Улоги: Марија (Платон Кречет, 1945); Хана (Кралот на Бетајнова, 1946); Зоја (Приказна за правдата, 1946); Фјокла Ивановна (Женидба, 1948); Мајката (Стаклена менажерија, 1954); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 1956); Ирина Николаевна Аркадина (Галеб, 1960); Лаура Лембах (Во агонија, 1960); Дона Урака, кастилска инфантка (Сид, 1962); Госпоѓица доктор Матилда фон Цанд (Физичари, 1963); Таа (Двајца на нишалка, 1966); Андромаха (Тројанки, 1966); Рина (Покојник, 1967); Рањевска Љубов Андреевна (Вишновата градина, 1973); Царицата (Јане Задрогаз, 1974); Вини (Среќни денови, 1976).

Режии: Домот на Бернарда Алба од Федерико Гарсија Лорка (1956); Веселиот сон од Сергеј Михалков (1957); Вејка на ветрот од Коле Чашуле (1958); Откако има рај од Џон Пристли (1960); Сид од Пјер Корнеј (1962); Пигмалион од Џорџ Бернард Шо (1962); Украдениот принц и загубената принцеза од Дон Торнато (1963); Игралито срце јуначко – македонска јуначка поезија (1964); Богомилска балада од Милан Ѓурчинов и Илија Зафировски (1965); Бегалка од Васил Иљоски (1965); Кројач за дами од Жорж Фејдо (1968); Сојуз на лажните светци или Молиер од Михаил Афанасиевич Булгаков (1970); Владимир и Косара од Стефан Таневски (1971); Бегалка од Васил Иљоски (1972); Вишновата градина од Антон Павлович Чехов (1973); Рибарски караници од Карло Голдони (1975); Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски (1986); Мачка во вреќа од Жорж Фејдо (1985/86); Татко од Август Стриндберг (1989).

Награди: Награда 11 Октомври (1960 и 1983); Награда на весникот Дневник од Нови Сад за улогата на Царицата во претставата Јане Задрогаз од Горан Стефановски, режија на Слободан Унковски, продукција Драмски театар Скопје на Фестивалот Стериино позорје (Нови Сад, 1975); Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (Прилеп, 1992).

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc