18 февруари 1950: Сцена од „Кир Јања“, првата претстава во НТ „Војдан Чернодрински“.

Народен Театар „Војдан Чернодрински“, 1950-1954

НТ „Војдан Чернодрински“, 1950-1954

НТ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп е еден од единасетте професионални театари, колку што ги има, во Македонија.

Основан е во 1949 година и во континуитет работи 59 години како професионален театар. На својата сцена има поставено над 300 премирени изведби и одиграно околу 6500 претстави, односно, просечно секоја година (театарска сезона) има 5-6 премиери и 100-120 претстави.

Ансамблот е со 15 постојано вработени актери и 20 лица од технички и административен пресонал.

На прилепската сцена поставени се скоро сите значајни дела од светската класика и современата драматургија. Гостувале (режирале) познати режисерски имиња од Македонија, како Мирко Стефановски, Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин, Бранко Ставрев, Коле Ангеловски, Сашо Миленковски и др.

Театарот има остварено низа значајни гостувања надвор од Македонија, како во Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Австралија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc