Нада Гешоска...

Нада Гешоска

Нада Гешоска е родена на 24 мај 1930 година во Прилеп.

Завршила Гимназија во 1948 година. Работела во Народниот театар Прилеп од 1951-1958 година, потоа во Македонски народен театар до 1964 година во Драмски театар Скопје до 1985 година.

Селективна театрографија: Фјокла Ивановна (Женидба, 1951); Магда (Вејка на ветрот, 1957); Раиса Павлова Гурмишска (Шума, 1959); Мајката (Крвави свадби, 1962); Ана Марија (Смртта на губернаторот, 1962); Хекуба (Тројанки, 1966); Мадлена Бежар (Сојуз на лажните светци, 1970); Ливија (Јас, Клаудиј, 1973); Љубов Андреевна (Вишновата градина, 1973); Старицата мајка (Џинот, 1976); Ана (Ослободување на Скопје, 1978); Васа Железнова (Васа Железнова, 1980);Султана (Лет во место, 1982); Учителката (Учителката – монодрама, 1985); Телма (Добра ноќ мајко, 1987); Неда (Сердарот, 1998).

Награди: Награда на град Скопје 13 Ноември за улогата на Хекуба во претставата Тројанки (1966); Награда за актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Султана во претставата “Лет во место” (Прилеп, 1982); Награда 11 Октомври за животно дело (1984); Награда Златна колајна на Фестивалот на монодрама и пантомима за монодрамата Учителката (Земун, 1985); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1996).

Почина во Скопје на 6 јануари 2003 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc