Нада Галеска...

Нада Галеска

Нада Галеска (Прилеп, 1911-1966)

Нада беше една од четирите актерки, која заедно со уште неколкумина свои колеги учествуваше во создавањето темели на професионалното театарско дело во Прилеп. Како членка на првиот изведувачки состав на театарот од градот под Марковите кули, таа беше ангажирана во скоро целиот тековен репертоар, импонирајќи со својата трудољубивост и скромност, проникливост и чувство за мерка.

На својата матична сцена остана верна до крајот на својот живот. Во текот на нешто повеќе од една и пол деценија континуирано настапување на сцената, Галеска оствари голем број впечатливи ролји. Тоа се, покрај другите, ролјите на Нина во „Кралот на Бетајнова“ од И. Цанкар, на Нуну во „Ружа на ветровите“ од К. Спак, на Џени Перкинс во „Случајот на Форестер“ од Брикси, на Елена во „Шума“ од Островски, на Антица во истоимената пиеса од Ристо Крле и др. Нејзиниот ангажман беше посебно забележлив во првите години од конституирањето на Народниот театар во Прилеп.

За жал, кога требаше да даде најмногу на драмската сцена, кога се наоѓаше во зенитот на својот развој, созревајќи во актерка и за посложени задачи, поради болест мораше да ја напушти својата најголема љубов – театарот, а наскоро потоа и животот!

Но, и она што го оствари во во својата матична куќа – Градскиот народен театар во Прилеп, иако ни по обем, ни по квалитет не беше којзнае колку големо и маркантно, сепак придонесе за поголема и позначајна професионализација, посебно на женскиот актерски ансамбл на прилепскиот театарски колектив, за негова афирмација и презентација.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc