Марко Мисирача

Марко Мисирача

Марко Мисирача е роден 30 јуни 1985 година во Прилеп.

Дипломирал театарска и радио режија на Факултетот за драмски уметности во Белград во 2010 година, во класата на професорот Славенко Салетовиќ и асистентот Иво Милошевиќ.

Како режисер асистирал во театарот и филмот: „Болестта на семејството М“ (2006), „Барбело, за кучињата и децата“ (2007), „Фалсификатор“, (2009) и филмовите „Турнеја“, (2008), „Непријател“ (2011) и „Топот беше жежок“ (2012).

Самостојно ги режирал преставите: „Лимунација“ (2009/2010), „Очилата на Елтон Џон“ (2010/2011), „Господин фока“ (2011/2012) и „Говорна мана“ (2011/2012).

Исто така бил соработник и коавтор на монографиите за глумците Бора Тодоровиќ, Лиљана Стјепановиќ и Мирко Бабиќ. Автор е на кратки документарни филмови за глумците Бора Тодоровиќ и Небојша Зубовиќ. Режирал и две едночасовни епизоди од серијата „Кога ќе биде, ќе биде“ (2011).

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc