Шармер и боем, ентузијаст и интелектуалец...

Кирил Миноски – Мината

Кирил Миноски e eден од пионерите на филмот во Македонија.

Роден е во Прилеп во 1907 година. Во младоста свирел на виолина и се занимавал со сликарство. Работел како наставник по ликовно воспитување.

Покрај сликарството (акварелот како техника што најчесто ја работел), им се приклонува и на новите визуелни уметности – фотографската и филмската, во кои постигнува значајни остварувања, особено во композицијата на кадарот.

Сите филмови Миноски ги снимил на 8 мм филмска лента.

Починал во 1986 година.

Филмографија:

1938: Противпожарно друштво во Прилеп (Снимател)
1939: Децата крај езерскиот брег (Снимател)
1942: Скијачи на Буково (Снимател)
1944: Велигденски адети во Варош (Снимател)
1944: Во градината (Снимател)
1944: Митинг во Прилеп (Снимател)

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc