1971: Анот од Стевананџиовци запален во вежба на СВОЗ...

Сите во одбрана и заштита (СВОЗ)

СВОЗ (Сите Во Одбрана и Заштита) била масовна републичка акција, организирана од територијалната одбрана (ТО) на СР Македонија. Во неа учествувале граѓаните, вработените во работните организации, учениците и членовите на разни секции и друштвено – политички организации како што се: Народна техника, Црвениот крст, Сојузот на извидници, Сојузот за физичка култура и др.

Главна цел на оваа вежба била обуката и проверката на подготвеноста на граѓаните да се справат со вонредни состојби, како елементарни непогоди, војна, терористички акции и помош и згрижување на повредени при сообраќајни несреќи, при што учесниците на акцијата биле вклучени во активности, кои соодејствувале со нивната струка и поле на интерес.

Во склоп на вежбата била вршена и обука на учениците за употреба на огнено оружје.

Нема Коментари

Коментирај