Манастир „Свети Јован Крстител“, село Бело Поле
На 15 декември 2013 година, во месноста Баботино, на тромеѓето меѓу селата Бело Поле, Новоселани и Кутлешево, осветени се темелите за градба на манастирот „Свети Јован Крстител“. Иницијативниот одбор за градба на манастирот го сочинуваат Иле Петкоски, Звонко Миткоски, Димче Ристеси и Тони Ковилоски. Осветувањето на темелите го изврши Митрополитот Петар.
Црквата има форма на крстокуполна градба со цилиндрична купола и полукружна апсида на источната страна. Куполата содржи осум монофори.
Коментирај