Отец Методија Ристески

Отец Методија Ристески

Отец Методија Ристески е роден во 1888 година во Битола.

По завршувањето на основното образование, завршил и богословско-учителска школа во Призрен. Најпрво работел како учител во Дебар, а за свештеник е ракоположен во 1920 година од српскиот епископ Варнава и најпрво бил поставен за парохиски свештеник во Варош.

Во црквата „Свето Благовештение“ за парохиски свештеник бил поставен во 1928 година и тука останал се до својата смрт на 20 јуни 1946 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc