Методиј Кусев како Старозагорски митрополит

Методиј Кусев

Митрополит Методиј Кусев(ич) е роден во 1838 година во Прилеп како Тодор Јовчев Кусев, шесто дете на тутунскиот трговец Јовчо и неговата сопруга Екатерина.

Основно образование завршил во Алилодидактичкото грчко училиште кај Хаџи поп Константин од Варош, а потоа грчка прогимназија во својот роден град.

Во 1867 година во Прилеп иницирал создавање на читалиштето „Надежда“ ,на вечерно училиште и создавње на сојуз на еснафите. Во 1868 година бил организаратор за протерувањето на грчкиот владика од Прилеп и на грчките органи во училиштата и црквата.

На Првиот црковно-народен собор на Бугарската Егзархија во Цариград во 1871 година, како претставник на Битолската (Пелагониската) епархија, Тодор Кусев одиграл клучна ролја за правото на учество на делегатите од епархиите од Македонија и Тракија, кои не се спомнати во ферманот за основањето на Бугарската егзархија од 1870 година. Во 1873 година, Тодор Кусев е пострижен во монаштво под името Методиј и назначен е за протосингел на Пловдивската митрополија (до 1880 година) за подоцна да биде воведен во архимандритски чин. За време на Априлското востание, во услови на исклучителен ризик, архимандрит Методиј им доставува на претставниците на Големите сили во Цариград докази за ѕверските насилства врз христијанското население. Значајна е и помошта која Методиј ја дава на руската главна команда во Руско-турската војна.

Од 1879 до 1886 година бил протосингел на Егзархот Јосиф I. Во 1886 година заминал да се школува во Русија, каде ја завршил Киевската духовна семинарија, а потоа се школувал во познатата Петербуршска духовна академија. Од 1892 до 1893 година, архимандритот Методиј бил прв ректор на Цариградската духовна семинарија.

Во 1894 година, архимандритот Методиј добива епископски чин со титула „Велички“ и бил назначен за управител на Епархијата во Стара Загора. Во 1895 година, Кусев бил член на делегацијата, која од името на Македонскиот комитет во Плоешти ја молела руската влада за приложување на ветените од Берлинскиот конгрес реформи во Македонија.

Во 1896 година, Светиот Синод на Бугарската егзархија го избрал за Старозагорски митрополит (1896-1904 и 1920-1922).

Методиј Старозагорски умрел на 1 ноември 1922 година и бил погребан во Стара Загора, во паркот „Ајазмото“, кој бил создаден по негова иницијатива.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc