Печатот на Казалискиот духовен собор од Прилеп.

Аџи Костадин Дингов

Аџи Костадин (Константин) Дингов или Дингович е македонски општественик од раната преродба во Прилеп.

Роден е во прилепската населба Варош околу 1815 година. Отворил основно училиште во Прилеп. Бил ракоположен за свештеник, а во 1843 година бил и учител во градот. Станал архиерејски намесник, а од 1852 година го заменувал починатиот аџи Христо Логотет како претседател на Прилепската црковно-училишна општина.

Отец Костадин Дингов долги години бил избиран за претседател на општината, а заседавал во меџлисот како владички векилин (полномошник) и бил активен учесник во црковната борба.

Баба Недела Петкова го нарекува отец Константин „фанариотско мекере“, но според Никола Еничерев, отец Константин, като владички намеснник и Македонец, играл важна улога за поддрувањето на македонската национална свест во градот.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc