Жито - Прилеп...

Жито Прилеп

„Жито Прилеп

Работната организација „Жито Прилеп“ е формирана во 1953 година со интегрирање на три производно-трговски претпријатија: „Жито Леб“, „Жито Клас“ и „Брашнар’.
Во 1974 година прераснува во ООЗТ „Жито Македонија“- Филијала Прилеп, во 1976 година како „Жито Прилеп“ а од 1978 година како РО „Жито Прилеп“, членка на СОЗТ-ПК „Жито Македонија“ од Скопје.
Во состав на РО „Жито Прилеп“ постоеле и единици за здружен труд: Млин, Пекара, Фабрика за дoбиточна храна, Услужни служби и Заеднички служби.

„Жито Прилеп“ во 1979 година:

„Претпријатието е формирано во 1953 година од страна на Народниот одбор на општина Прилеп, како самостојна работна организација со основна намена за производство на леб и бело печиво. Вкупниот број на вработени (1979 г.) изнесува околу 300 вработени од кои 50 се висококвалификувани, 80 се кфалификувани, 80 полукфалификувани и 96 се со ниска кфалификација.

До 1960 година оваа работна организација наидува на големи тешкотии во работењето, поради расположливите капацитети кои беа непогодни за успешно снабдување на градот со леб и бело печиво. Co ycпешно залагање на колективот и со помош на општината обезбедени се инвестициони средства за изградба на нов објект – парна пекара.

Co изградбата на пекарата и нејзиното комплетирањеа со опрема и со потребните транспортни средства за благовремено разнесување на лебот низ целиот град, работната организација бележи значителни резултати во своето работење. Последните години таа остварува вкупен приход од 200 милиони динари и доход од 35 милиони динари.“

———————————————————————

„Жито Прилеп“ во 1984 година:

„Разговор со директорот на РО „Жито Прилеп“, Иван Крстески:

Во постојаниот напор за постигнување на повисоки дострели во производството, „Жито Прилеп“ остварува мошне значајни резултати, а во основата на сето тоа е високиот производствен морал на вработените и максималната технолошка производствена дисциплина.
Во однос на физичкиот обем на производство, постои меѓусебна техничко-технолошка поврзаност помеѓу работните единици.
Така, готовиот производ од РЕ „Млин“ – брашното е основна суровина за производството во РЕ „Пекара“, а триците како суровина кoja учествуваат со 20-30 отсто во производството на концентратите во РЕ „Фабрика за добиточна храна“.
Набавката на останатиот дел на суровини за ф-ката, се врши од локален и меѓурепублички пазар, а дел и од увоз. Ист е cлyчajoт и со набавката на пченицата за РЕ „Млин“.
Плacманот на готовите производи, претежно се врши на локалниот пазар (за Млинот и Пекарата) а додека за Ф-ката 50 отсто на локален и 50 отсто на пазарот во Републиката.
Затоа, во „Жито Прилеп“ се се сведува на реално плaниpaњe па така и инвестициите. За годинава се предвидува изградба на нова пекара во вредност од околу 170 милиони динари, како и набавка на опрема за новата фабрика за сточна храна кoja има вредност од околу 54 милиони динари.“
„Стопански Весник“, 1984 година

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc