1923: Железничка станица Прилеп. Парна локомотива серија 99.4.

Железничкиот сообраќај

Железнички сообраќај во Прилеп

На 9 август 1873 година завршила изградбата на првата железничка линија во Македонија меѓу Солун и Скопје. На тој ден пристигнал првиот воз во железничката станица Скопје и тоа се смета за почеток на железницата во Македонија.

Во наредниот период оваа железничка линија се продолжила на север кон Косовска Митровица и Врање. По балканските војни (1912-1913), а посебно за време на Првата светска војна меѓу 1915 и 1918 година, се појавила потреба од побрз пренос на стоки и матерјали посебно за воени цели, па на просторите на Македонија биле иградени две железнички линии со тесен колосек (теснолинејка) и тоа на правците:

Градско – Прилеп – Битола
Скопје – Гостивар – Кичево – Охрид – Ташморуниште

Пред втората светска војна имало големи активности околу изградба на железнички линии заради експанзијата на економскиот развој во Балканскиот регион. Во тој период се изградени и пуштени во сообраќај следниве железнички линии:

Велес – Кочани на 25.08.1926 година
Прилеп – Битола на 07.04.1931 година
Велес – Прилеп на 20.01.1936 година

За време на втората светска војна железничките работници имале активно учество во ослободителното движење на Македонија. Во војната голем дел од пругите, железничките мостови и тунелите биле целосно или делумно уништени од непријателот при нивното повлекување.

По ослободувањето во 1944 година била формирана Дирекција на железниците во Македонија, која имала задача да се обноват разрушените пруги, мостови и тунели и да се оспособат за редовен сообраќај.
_____________________________________________________________

Прилеп, 28 ноември 1930 година


Do
Gospodinu
Sotiru Spaseviču
Student farmacije
Skalčičeva 35/IV
Zagreb

…А за пругата прашаш?
„Брука жива“ Мачук! Уше нишчо живо не се знай. Чиновниците се дојдени, уште чека „наредба од г. Министра“
Кога ће си дојдиш ти?
„Здружине“ ти праћа
Палиш – Далматинска 44…

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc