Управниот одбор на Набавната задруга во Прилеп.

Набавната задруга

Набавната задруга во Прилеп е формирана во 1925 година. На работниците и службениците им давала кредити од 200 до 1000 динари, според висината на платата и давале стоки на кредит. Кредитот го одобрувал управниот одбор, кој се состоел од седум члена. Висината на капиталот изнесувал 2 000 000 динари, а се користел кредит од Занатската банка од Белград.

Сите членови имале учество и плаќале чланарина. Задругата продавала мешана стока со минимална добивка, и тоа на секој граѓанин, а на членовите прометот им бил евидентиран во посебни книшки, заради учество во добивката. Секој член имал две книшки – црвена, во која се евидентирал прометот во готово; и жолта, во која се евидентирал прометот на кредит. Вака се делел прометот, зашто според видот на прометот се разликувало учеството во добивката.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc