Кирил Самарџиоски на градскиот стадион „Гоце Делчев“

Кирил Самарџиоски

Кирил Самарџиоски е роден на 30 јануари 1943 година во Прилеп, од татко Георги и мајка Пандора, и двајцата од Прилеп. Основно образование и гимназија завршува во Прилеп, а дипломирал во 1966 година на Технолошкиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година е вработен како технолог-приправник во Прилепската пивара, а од 1967 година поставен е на место – раководител на лабораторија, вариона и подрум.

Во 1972 година, Кирил Самарџиоски е избран и поставен за технички директор и раководител на комерцијалниот сектор при Прилепската пивара. Во 1975 година е именуван за директор на Индустријата за пиво и за слад „Јоска Јорданоски-Сандански“ – Прилеп.

По 40 годишен успешен работен век во пиварската индустрија, од кои 35 години во служба на пиварницата, а 5 во служба на сладарницата, Кирил Самарџиоски се пензионира во 2007 година.

Кирил Самарџиоски во 2014 година стана добитник на Третоноемвриската награда за животно дело.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc