Славе Николовски - Китин: Монографија за Ѓорѓија Атанасоски, 2012 година

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во село Марул, Прилепско. Во 1970 година заминува за Америка, Њујорк, кај својот постар брат Јосиф.

Кариерата ја почнува како инженер, работејќи во Њујоркшкиот универзитетот. По петгодишен престој во САД, двајцата браќа, Јосиф и Ѓорѓија Атанасоски ја формираат фирмата Microflex Inc која денес се наоѓа во индустрискат зона во Ормонд Бич на Флорида, Оваа мултимилионска производствена корпорација, со комплет,но автоматизирани погони, се занимава со изработка на флексибилни метални производи. Компанијата одржува долгогодишната успешна соработка со светски познатите компании: Форд, Крајслер, Џенерал Моторс, Џенерал Електрик, НАСА и многу други фирми во САД и светот од областа на петрохемиската, автомобилската и авионската индустрија, електричните централи, бродоградбата итн.

Во периодот од 1974 до 1980 година, Ѓорѓија Атанасоски е член, а подоцна и секретар на Македонската заедница во Њујорк. Преку спонзорирање на социокултурните настани, ја одржува активна македонската заедница, а напоредно со тоа и соработува со американските власти за унапредување на правата на Македонците во САД.

Атанасоски е претседател на организацијата за заштита на македонското име, знаме и Устав. Со цел да создаде верба во независните медиуми во земјава, во 1994 година го кофинансира, организира и етаблира првиот македонски светски неделник „Македонско сонце“, како исклучително независен медиум.

Во 1994 година Ѓорѓија Атанасоски се кандидираше и за претседател на Република Македонија. Во 1996 година ја формира и станува претседател на партијата Македонска алијанса. Истата година ја основа меѓународна трговска компанија „МАК АМ Интернешенл Корпорејшн“, со филијали во Флорида, САД, Скопје и Прилеп, чија основна дејност е увоз и извоз на производи во и од Македонија. Воедно, тој е сопственик и на хотелот „Липа“ и на фирмата “Жито Прилеп” од Прилеп.

На 15 мај 2005 година Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е добитник на престижното признание The Ellis Island Medals of Honor, кое второ највисоко цивилно одликување во Соединетите Американски Држави кое се доделува за заслуги во изградбата на мултукултурното Американско современо општество.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc