1988: Во погоните на „Елан“

Заштитна организација „Елан“

Заштитна организација за рехабилитација и вработување на ивалидизирани лица „Елан“

Заштитна организација „Елан“

Народен Глас, 4 ноември 1988 година

„Немањето суровини и репроматеријали за работа, големата недисциплина и нарушените меѓучовечки односи како и прелевањето на опшествени средства во приватни џебови, беа причина од 19 мај годинава во заштитната организација „Елан“ да бидат воведени привремени мерки на опшествена заштита. И по пет месеци од воведувањето на привремените мерки, работата во заштитната организација „Елан“ заживува. Односите во колективот се подобрени, дисциплината е на едно задоволително ниво, и што е најважно веќе се работи, се размислува за поинакви ангажирања, се со цел неповолните состојби да бидат надминати.

Но, што е сторено за овој период на привремените мерки?

Како што истакнува Љубен Ангелески, претседателот на привремениот одбор, тешките наследни состојби полека се средуваат. Најнапред, привремениот одбор пристапи кон измена на „Физиномијата“ на заштитната организација. Имајќи ја во предвид острата конкуренција, потоа слабата квалификациона структура и многу несоодветниот однос на вработените, сите активности се насочени кон воведување опрема која е многу попродуктивна и преку која (станува збор за автомати) ќе се поробува и соодносот и доходовноста.

Од друга страна обезбедувањето на нова опрема би требало да значи вистинско вклучување на помалите организации во работата на поголемите, или малото стопанство да биде навистина во функција на големото. Прво што на ова поле е направено е следното:

По иницијатива и со помош на извршниот совет а во соработка со Машинскиот факултет од Скопје направена е програма за бесконечна брусилица за степенесто брусење. Оваа програма чија целокупна инвестиција изнесува 600 милиони динари оценета е како опшествено оправдана и одобрена е, и се чека уште незината реализација.

За фабриката „Микрон“ со ефектуирање на ваквата програма ќе се врши брусење на осовини за што веќе е потпишан и петгодишен договор. Инаку финансиската кострукција за оваа инвестициона програма е 40% од 600 милиони динари да се обезбедат преку средствата од заемот за вработување, 10% учество, 15% од ФНП и 35% кредит на 5 години со 7% камата. Доколку со брусилицата се работи во една смена ќе бидат вработени и двајца брусачи, односно 4 доколку работата се извршува во 2 смени.

И не е само тоа. Инаку само за „Микрон“ преку брусилицата треба годишно да се остварат 200 милиони динари. Веќе се подготвува уште една програма која на крајот на годинава треба да биде завршена. Тоа подразбира воведување на комплетна линија за производство на повеќе федери (Потисни, затезни и торзиони). Федерите ќе се произведуваат за потребите на фабриката „Енергоинвест – 11 Октомври“.

Интересно е што и за оваа и за претходната програма таква опрема и производство нема во републикава а потребите се големи, исто така испитувани се можностите за пласман на федерите. Освен „Енергоинвест – 11 Октомври“, „Пролетер“, „Мермерски комбинат“, скопскиот „Раде Кончар“ годишно користи 6 до 10 милиони федери, електромонтажа од Охрид и други организации.

Отаму и уверувањата дека нема да има проблеми со пласманот, зашто Заштитната организација која со своите бенефиции би била и поконјуктурна со цената. Заслужува внимание исто така што автоматот за шајки, кој поради немањето обртни средства не беше ефектуиран. Од 5 октомври започна со производство во погонот за шајки и изнајдена е солуција со трговската организација „Караорман“ која ќе ги обезбедува со жица која подоцна преработена во шајки и ќе ги пласира.

Активностите, барем од она што може да се слушне во разговорот не запираат тука. Визија е да се оди кон појаки организации така што на потег се „Техномаркет“, „Младина“ и „Електрометал“ од Скопје, „Јавор“ од Битола и други. Така репроматеријали за производство на шајки нуди и „Јавор“ а веќе се изработуваат и метални сандачиња за струја, за хидранти, индустриски кламерници кои ќе се продаваат преку „Караорман“.

Сето ова навистина говори за една подобрена состојба од која ефектите финансиски треба да се очекуваат подоцна. Инаку ако со шесте месеци загубата во „Елан“ изнесуваше близу 50 милиони динари, со трите тримесечја таа ќе се движи од 80 до 90 милиони динари. Причините се познати: обезбедување дел репроматеријали за работа и исплата на гарантиран личен доход за вработените“.

В.Т

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc