Управниот и надзорниот одбор на првата Прилепска трговска банка.

Банкарство и осигурување

Банкарство и осигурување

Првата Прилепска трговска банка е основана во 1922 година во вид на акционерско друштво. Основачи на банката биле осуммина прилепчани. Седиштето на банката било во Прилеп, а свои филијали имало во Скопје и Битола. При основањето банката имала капитал од околу 1 500 000 динари, кој бил вложен исклучиво од основачите. Со банката управувал управен одбор од шест члена и надзорен одбор од три члена.

Банката вршела чисто банкарски, а истовремено и небанкарски дејности. Во банкарската дејност главно спаѓале давањето кредити од средствата вложени од акционерите. Небанкарската дејност се состоела во купување на разни машини и изградба на магацини и работилници. Во рамките на оваа дејност биле извршени следниве активности:

- Во Скопје, во месноста Топаана, била отворена циглана, каде се изработувале цигли на 6 маси;
- Од Чехословачка била купена една машина за вршење, но била толку застарена, што сосема малку време била во употреба;
- Во Градско бил изграден магацин, со цел во него да се чува ракијата, која требало да се откупува во Прилеп и Кавадарци, а да се продава на западно-европските пазари, каде што постоел голем интерес за овој производ;
- Биле купени стари машини за изградба на мелница, но поради нивната истрошеност, не биле монтирани.

Сите акционери работеле како службеници во банката, а за тоа примале плата. Дивиденда не била поделена, бидејќи банката била ликвидирана само по двегодишно работење. по ова, некои акционери согледаа дека не можат да се занимаваат со банкарска дејност, па се префрлија на трговија. Своите акции ги продале на некои банкари од Лесковац, кои ја искористиле нестручноста на другите акционери, приложиле лажни документи за купување на некои средства и на таков начин го присвоиле капиталот и избегале во непознат правец, додека акционерите од Прилеп останале со фиктивна актива.

Така, во почетокот на 1924 година била ликвидирана првата Прилепска трговска банка, а Прилеп останал без оваа институција.

Во 1931 година во Прилеп била отворена филијала на Белградската извозна и прометна банка. По кусо време и таа била ликвидирана.

ОСИГУРУВАЊЕ…

Првите осигурителни полиси во Прилеп биле издавани од претставниците на англиското осигурително друштво „Greshen“, од германското „Anker“, од италијанското „Assicuracioni Generali“, од француското „La Nationale Union“, како и од претставниците на домашните осигурителни друштва „Београдска задруга Балкан“, „Србија“, „Шумадија“, „Croatia“ и други.

_____________________________________________________________________

1984 година
„Стопански Весник“

ЗОИЛ Maкeдoниja, филиjaлa – Прилеп
ГРИЖА ЗА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗАШТИТА

Филиjaлaтa на Заедницата за Ocигyрување на имоти и лица “Maкeдoниja” од Прилеп, како Работна заедница со свои самоуоравни органи е конституирана во септември 1982 година. Со cвojaтa експозитура во Крушево и претставништвото во Македонски Брод, врши Ocигypyвање на имоти и лица на териториите на трите истоимени општини. Со цел за натамошно оодобрување на paбoтењето во оваа
област, веќе се преземени конкретни чекори за скоро прераснување на претставништвото во Македонскн Брод во eкcпoзитура.

ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ…

Tргнувајќи од старата вистина дека е подобро да се спречи отколку да се лечи, прилепската филиjaлa на Заедницата за осигурување на имоти и лица ceкоja година во посебни фондови издвоjyвa значителни средства за превентивна заштита.
Oвие средства врз основа на одредбите на посебен Правилник на Работнатз заедница и врз основа на поднесените бapaњa од страна на организациите на здружениот труд и други организации од пoдpaчjeто на кое делува таа, се доделуваат за разни интервенции кои имаат карактер на превентивна заштита.
Така на пример една прилепскa работна организација вакви средства има користено за замена на дотраената електрична инсталација, едно училиште, исто така од Прилеп, со вакви средства има поставено заштитна мрежа на пpoзоpцитe, и слично.
Значаен дел од овие средства се дава за набавка на против пожарни апарати и опрема, за заштита на зeмjoдeлcкото производство односно за набавка на опрема против градобијност, за вакцини за заштитување на сточниот фонд потоа за медицински апарати и опрема и друго. Овие средства за превентивна заштита, согласно на одредбите на Правилникот, Рaбoтнaтa зaeдницa им ги дава на своите осигуреници на два начина: како повратни, односно еден вид кpeдитиpaњe, и како неповратни. Во креан cлyчaj, како што резонираат во Работната заедница, тоа се пари на осигурениците и тие имаат право да располагаат со дел од нив во смисла на oбeзбeдyвaњe превентивна заштита.

ПОВЕЌЕКРАТНА ПОМОШ…

Работната заедница, oдносно прилепската филиjaлa на Заедницата за oсигypyвањe на имоти и лица “Maкeдoниja” им дава уште еден вид помош на организациите на здружениот труд. Имено, на оние ОЗТ кои вршат колективно oсигypyвање нa своите вработени, може да им додели кредит за проширување на нивните капацитети.
Ваквата можност, не само што е корисна за обете страни, туку тоа значи и посреден придонес во разрешувањето на проблемот на невработеноста, бидejќи проширените капацитети речиси секогаш значат и прием на нови работници.
На oсигypyвањето на зeмјoдeлското производство овде му се посветува посебно внимание, посебно на тутунопооизводството кое, како карактеристична култура за ова пoднeбje, има знaчajно место во извозот. Познато е дека целокупната количина засаден тутун е осигурана и на тој начин е извршено економско обезбедување на тутунопроизводителите. И за останатото зeмjoдeлcко производство постојат неколку форми на осигирување со повеќе бенефиции за здружените форми на oсигypyвање.

ЗАДОВОЛИТЕЛЕН СТЕПЕН

Според податоците што се водат во Работната заедница, заклучно со 1 јуни годинава бpojoт на осигурениците од пoдpaчjaтa кои во оваа смисла овде гравитираат, бил на едно задоволително ниво.
Се уште не е познато како тоj бpoj ќе се движи натаму со оглед на осетното покачување на премиите за осигурување. Меѓутоа, од друга страна во начинот на осигурувањето се внесени и некои новини кои стимулативно ќе делуваат, па засега се уште не е можно да се предвиди што ќе има поголем ефект.
Во ceкoj cлyчaj потребата од осигурување во нajгoлeм бpoj случаи е неминовна составка на современиот живот и стопанисување, па во прилепската филиjaлa на Заедницата за осигурување на имоти и лица велат дека на ceкoj осигуреник во секое време му cтojaт на располагање.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc