1916: Пред бакалницата кај читалиштето Надежда.

Бакалски еснаф

Бакалски еснаф

Занаетчиите и трговците биле организирани во еснафи, кои ги штителе интересите на занаетчиите, трговците, но и на муштериите-купувачите. Еснафите биле јаки и многу влијателни организации. Самиот збор „еснаф“ е со арапско потекло и означува „здружување“.

Еснафот го сочинуваат занаетчии од еден занает. Меѓутоа, имало еснафи кои здружувале неколку сродни занаети. Кујунџиите, златарите и саатчиите сочинувале еден еснаф; казанџиите и калајџиите биле друг еснаф, ѕидарите, дограмаџиите (столари), ќерестенџиите (трговци со градежен материјал), ќерпиџиите, ќерамидџиите, бунарџиите, калдрмаџиите, сојулџиите (водоводџии) исто така сочинувале еден еснаф. Ковачкиот еснаф го сочинувале ковачите и клинчарите. Пушкарите, сабјарите и кожарите биле здружени во еден еснаф.

Еснафот го регулирал занаетчиското производство, го утврдувал бројот на работниците, траењето на работниот ден, дневниците и сл. Со развојот на капиталот и индустријата тој постепено почнал да ги губи своите права. Секој еснаф, покрај собранието кое го сочинувале сите мајстори, т.е. целиот еснаф, имал и своја управа – „лонџа“. Тие се свикувале обично на поголеми празници, особено на еснафската слава. Еснафите во својата работа се придржувале кон своите стари обичаи, кои со текот на времето станувале норми, кои иако не биле пишани, се пренесувале од колено на колено.

Бакалскиот еснаф го сочинуваат трговците со ситни производи, обично, со прехранбена стока. Зборот „бакалин“ се употребува како архаизам, а доаѓа од турскиот збор „bakkal“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc