Стара Прилепска куќа...

Стара градска архитектура

Стара градска архитектура

Старата градска архитектура е сконцентрирана во централното градско подрачје и поделена е на две групи. Првата група се објекти од крајот на XIX век, кои се во духот на традиционалната македонска архитектура, а во втората група спаѓаат објекти, изградени во почетокот на ХХ век, со примеси на европските стилови. Најзначаен објект од втората група на објекти е куќата на Бектешовци, која што има изобилство на убави детали на фасадите и ентериерот.

За жал, станбените објекти од градската архитектура ги има се помалку, со оглед на финансиската состојба на сопствениците и состојбата на градителството во пошироката заедница. Иако оваа архитектура не поседува високи архитектонско-естетски вредности, сепак таа отсликува и презентира еден период на градителската активност во градот.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc