Скулпторот Станко Павлески е роден 1959 година во Ерековци.
Работи како редовен професор по вајарство на Катедрата за ликовна педагогија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
На местото на неговите масивни метални скулптури блиски до естетиката на минимализмот, по кои беше познат и кои ги создаваше од средината на осумдесеттите години на минатиот век, почнувајќи од 2002 година, Павлески ги замени со дела засновани во прв ред на текстови поместени во самостојни изданија на книги или публикации, но и различни ефемерни акции во природа, инсталации, перформанси проследени со документарни фотографски и видео записи и воопшто дела блиски до техниките и средствата на концептуализмот.
Првото самостојно издание на Павлески е „Ненапишана книга до посредувачот“ (од 2002), дело со кое започна и цела серија тематски проекти насловени „Кино Напредок – Трилогија провинција“ (реализирани во периодот 2002-2005 заедно со скулпторот Томе Аџиевски), во кои се бави со критика на уметничкиот систем и на критичарите на уметноста. Дел од тој долгогодишен проект е и второто самостојно издание, големата „Книга над кориците – Моја антологија: Македонската уметност и критика 1954-2004“ (од 2004).
Од 2006 до 2009, заедно со Томе Аџиевски и Јован Шумковски реализира уште една серија изложби во Париз (2006), Њујорк (2007 и 2008) и Александрија (2009) под заеднички наслов „Проекција Балкон“, каде главно се бави со критика на глобализмот и со релациите на Македонија со овие земји и култури. Книгата „Јас Птоломеј МКД и Н.В. Ништото“ (издадена во 2009) е едно од најконтроверзните изданија на Павлески, со кое сака да ги испита границите на уметничкото дело.
Самостојни изложби:
2007 година: Нови Сад (Србија), Мали Ликовни Салон
2006 година: Скопје, Музеј на современа уметност, Скопје/Мала Станица (заедно со Т. Аџиевски)
2003 година: Скопје, Јавен културен центар ТОЧКА (заедно со Т. Аџиевски)
2000 година: Букурешт (Романија), Музеј на Романската литература
1998 година: Скопје, Музеј на град Скопје
1997 година: Њујорк (САД), La MaMa Gallery (заедно со Ж. Вангели)
Групни изложби
2006 година: Скопје, „Широко отворени очи“, Национална галерија; Хамбург (Германија), Кампнагел
2005 година: Скопје, „Дијалози – Македонската уметност денес“, Национална галерија; претходно излагана во Подгорица (СЦГ), Париз (Франција), Рим (Италија),
2003 година: Скопје, „Концептуален дискурс“, Музеј на современа уметност, Скопје
2002 година: Скопје, „Опасни врски“, Музеј на современа уметност, Скопје; Охрид, Куќа на Робевци и Уранија
Коментирај