1982/83: Таблото од ЕТУЦ „Кузман Јосифоски – Питу“

ЕТУЦ „Кузман Јосифоски – Питу“

ЕТУЦ „Кузман Јосифоски – Питу“

По ослободувањето, со брзиот развој на стопанството се јави голема потреба од кадри со средно стручно образование. Во учебната 1955/56 година се роди идеата да се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеа во составот на гимназијата „Mирче Ацев“ – Прилеп. Со одлука на Советот за просвета на НРМ од 1956 година во Прилеп се отвори средно економско училиште. Во наредниот период општествено-политичките организации го определија името на училиштето „Kузман Јосифоски-Питу“.

Во 1956 година трговската комора на Македонија, а во соработка со истата асоцијација во Прилеп, формира средно училиште за потребите на трговијата. Во прво време средното економско училиште и средното трговско училиште работеа одделно, а со посебна одлука за поврзување на двете училишта, која одлука се спроведе во учебната 1987/88 година, започнува забрзан развој на економско-трговскиот ценар. Основната дејност на училиштето е воспитно образовна на ученици од стручно образование со четири годишно траење од економска, правна и трговска насока.

Прв директор на ЕТУЦ „Кузман Јосифоски – Питу“ бил професорот Цветан Беличански.

За остварување на зацртѕаните цели ангажирани се професионални кадри, кои одржуваат настава на ученици распоредени во пет струки:

- Економска струка
- Правна струка
- Трговска струка
- Деловен секретар
- Банкарски техничар

Во економската струка има два образовни профили:

- Економски техничар за I год.
- Економски асистент за II , III , IV год.

Во правната струка има два образовни профили:

- Правен техничар за I год.
- Правен асистент за II , III год.

Во трговска струка има два образовни профили:

- Техничар за трговија и маркетинг за I год.
- Асистент за трговија и маркетинг за II , III , IV год.

Училиштето има учествувано на многу натревари од најразлични карактери. Најбитен е саемот на средни стручни училишта од Македонија, на кој училиштето освои :

- 2006 – златен медал за најдобар штанд;
- 2007 – 2 златни медали за најдобар штанд на виртуелна компанија и 1 сребрен медал за најдобар штанд на училиште и 1 сребрен медал за најдобар МАССУМ огранок;
- 2008 – 1 златен медал за најдобар ученик доделен на Кирил Димески;
- 2009 – 2 златни пехари, од кои едниот за женски фудбал, а другиот за најдобра рап и хип-хоп изведба и 1 сребрен медал за најдобар штанд на училиште;
- 2009 – 2 место на натпреварот по математика „Кенгур“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc