1965: Практична настава...

ЕМУЦ „Ристе Ристески – Ричко“

ЕМУЦ „Ристе Ристески – Ричко“ својот историски развој го започнува од 1946/47 година, од некогашното училиште за ученици во Стопанството таканаречено УЗУС.
Во тоа време во УСУЗ се изучувале сите занаети потребни за стопанството. Често слушале теоретска настава касапите со самарџиите, пекари со налбатите и така натаму. Во овој прериод воопшто не се работело по одредени планови и програми, туку случајно и по потреба.
Индустрискиот развој на повоената Југославија ја наметнал потребата од стручни кадри па така кон крајот на 1956 година почнува формирање на паралелки по одредени занимања, каде што главен организатор на овие занимања била занаетчиската комора на Прилеп.

Во 1960 година, со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп, биле формирани неколку училишта и со решение од Народниот одбор на општина Прилеп, бр. 01-5601/1 од 23 јуни 1960 година, се формира индустриското училиште со практична обука а потписник на решението е тогашниот претседател Ристо Бунески.
Училиштето започнало со работа на 1 септември 1960 година. За вршење на должноста деректор во формирање назначен е Јанко Темелкоски. Средства за редовна дејност и отпочнување на наставата доделена му е од Народниот одбор на општина Прилеп.
Именованиот В.Д директор бил задолжен да ги изврши сите подготовки за нормално отпочнување на наставата од 1 септември 1960 година.
Во учебната 1960/61 година во прва година се запишале две паралелки (Iа и Iв).
Во првата учебна година наставниот кадар за општите предмети доаѓал од редовните училишта, а за стричните предмети доаѓале инженери од стопанството.
Во наредната 1962/1963 година училиштето ја добива саканата физиономија т.е се создава трета година редовно школување исклучиво од Машинска струка.
Од учебната 1960/1961 година наставата и теоретската и практичната се изведувала во училиштето зад поранешната конфекција „Солидност“ коешто денес не постои.
Во наредната учебна година 1961/1962 година теоретска настава за четири паралелки се изведувала во училиштето во Стара Црква а практичната настава во училиштето зад поранешната конфекција „Солидност“.
Во календарската 1961/1968 година се гради ново Индустриско училиште со практична обука на Крушевското џаде б.б и тоа две хали за практична настава и шест училници за теоретска настава. Третата хала за практична настава градена е наредната година.
Со оглед на зголемената потреба од стручни кадри во прилепското стопанство, завршените ученици во ЕМУЦ многу лесно и брзо се вработувае. Ова брзо и лесно вработување на учениците му донесло поголема афирмираност со што во наредните години се запишуваат и подобри по успех ученици, кои го подигнуваат угледот на училиштето.

Со решение бр.09-521/1 од 7 јули 1975 година а подоцна и со Решение бр.11-1689/2 од 3 мај 1994 година и Електро насоката прераснува во трет и четврт степен за да може да школува кадри кој без проблеми ќе ги исполнат претходните услови за слободен упис на Машинските и Електро техничките факултети.
Во 1975 година се развувааат повеќе насоки како во Машинска така и во Електро техничка струка – Електро техничар енергетичар кое е верифицирано со Решение бр.11-525/84 од 20 ноември 1985 година од страна на републичниот комитет за образование и фазичка култура.
Овој развој е достигнат во учебната 1984/1988 година со вкупен број на 28 паралелки.
Денес училиштето располага со 15 паралелки во Електротехничката и Машинската насока со повеќе занимања.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc