Спортско качувачки клуб „Златоврв“
Болдерингот претставува качување на ниски карпи без сигурносно јаже поради што качувачот е релативно блиску до земјата.
Во минатото алпинистите тоа го работеле само како тренинг и забава во деновите кога временските и други услови не дозволуваале качување на посериозни дестинации…
Оваа практика со тек на време станала се повеќе популарна така што денес постојат качувачи (Болдери) и посебни натпревари во оваа дисциплина.
Околината на Прилеп со својот каменит пејсаж нуди идеални можности за развивање на овој спорт.
Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп со тренерот Христо Белакапоски е организатор на интернационалниот болдер фестивал „Крали Марко“.
Како што течат годините фестивалот е се помасовно посетен од домашни и странски спортисти со што Прилеп и неговите природни убавини полека стануваат интернационална топ дестинација за овој спорт.
Коментирај