Ученици при прилепската гимназија...

Творби од споменарот на Виолета Беличанец 1951/52 година

Споменарот на Виолета Беличанец 1951/52 година

Во овој пост се преставени творби од споменарот на Виолета Беличанец од 1951/52 година, ученичка во Vа клас при Вишата гимназијата „Мирче Ацев“

ЌЕ ДОЈДАТ

Ќе дојдат среќни дни
и сонце ќе блесни пак
над родна нива в’гора
над татков куќен праг.

Ќе дојдат среќни дни
и живот ќе блесни в сјај
но јас ќе лежам веќе
во гробот темен знај.

И сончев зрак ќе ѕирне
во темен студен гроб
ќе осветли душа моќна
што вечно била роб.

Ќе дојдат среќни дни
и сонце ќе блесни пак
над родна нива в’гора
над татков куќен праг.

Микифо (Марга)
Vб клас

СПОМЕН

Деновите брзо се нижат,
годините како вода течат,
живеевне, растевме и го врвевне
заедно училишниот живот.
Бевме секогаш радосни и весели.
Ги пребродувавме матните таласи
на училишниот живот.
Некогаш плач, радост, смеа одигруваше во нас.
Од година на година се повеќе и повеќе растевме.
Последниот ден беше кога нас не раздели
и ми го отфрли ученичкиот живот.
Свршеток на V клас.
Ако не го живеефне оној живот, утеха ќе најдуваме
во споменарите каде што стои нашето име,
и ќе се сеќаваме за милиот ученички живот.

„Кад живим љубиме.
Кад умрем жалиме.
Зато ти велам
незаборавиме“

Спасија Степанулеска
Vб клас

ЛЕТЕ! (Виолета)

Животот е театар
народот артист
и од вас зависи како 
ќе ја одиграте улогата
од животната сцена.
Учи стварај
за да бидеш добар стручнак
добар градител на социјализмот.

ЛЕТЕ! (Виолета)

Чуден е животот,
минова безгрижното време и со себе носи радост, среќа и разочарание.
Судбина, таа може ќе не раздели.
Ти ќе одиш некаде далеку, далеку од својот роден крај, а исто така и јас.

ЛЕТЕ (Виолета)

Широк е светот, луѓе разни со разни карактери.
Пази на себе. Наоружувај се со снанија и тргни по оној пат
по кој треба да врви еден достоен младинец-ка
и осетиго како е животот.
Другарскиод живод и сите успомени од него ќе бидат избришани,
но ќе остане само бледа слика која и нејзе ќе ја избришите.

 

ЛЕТЕ! (Виолета)

Кога ќе навлезеш во бурите на животот
и ги прочиташ овие разделени зборови
не вољно ќе си спомнеш и ќе речеш:
„О скапи незаборавими денови…!“

Р.М Биџоска
9 април 1952 година
Прилеп

ЛЕТЕ! (Виолета)

Во тешките дни
кога сонцето спи.
Спомни си ти
за името ми.

Пеј, се смеј, љубувај
дури си млада лудувај.
За да се сетиш на старини,
За твојте бурни младини.

Цене Vб клас
17 мај 1952 година

ЛЕТЕ! (Виолета)

Букет на мојата фантазија.
Бриљант на мојата мечт.
О, мила другарке Лете,
това си ти!

Вики

ЛЕТЕ! (Виолета)

Времето неусетно си врви. Незнам дали го осекаш ти това.
Набрзо ке помине нашиот живот во училиштето.
Ке поминат оние весели моменти поминати во часовите полни со радост и безгрижност, но ке останат само нивнте спомени кои кете потсеќават
на училишниот живот и твоите соученички.
Ке те потсетат и на оној час по предвојна кога ни го вати писмото со Марга „Г-н Војне“ во кое се расправавме за нашите псевдоними: „Мики“, „Кики“, „Микифо“ и „Кикифо“.
Верувам дека во тие моменти ке си спомниш која беше „Кикифо“ со која имаш иживеено еден дел од веселите школски часови.

„Кикифо“
Vб клас

ЛЕТЕ! (Виолета)

Читајќи ги редовите на последниве страници, јас најдувам на многу места на „тажење“ за дните кои си изминуваат.
Да, со право секој би сакал да остане во „лудото“ доба, мислејќи да тоа е безгрижно.
Но никогаш да не се забрави да „секое време носи свое бреме“.
Верувај ги своите радости, занимливости и задолженија, и животот ке можеш секогаш да си го направеш интересен, – само ако си способна за тоа.

Сети се на мене
Љубиша, Vа клас

ЛЕТЕ! (Виолета)

Таква е секојпат љубовта знај.
Почеток среќен, жалостан крај.

Мира Илиоска
Vб клас

Лета!  (Виолета)

Кога времето ги обели твоите руси, златисти коси.
Вртеќи го ти овој дневник потсатисе на мене, Мира.
Ќе си спомниш за убавите минали дни,
за твоите убави поминати дни со твоите другари и другарки и ќе си речеш:
„Е, што не сум млада“
О, Лете само това нема никојпат да се врати.

Мики

Да ја имам таја сила да го откорнам стовековниот даб на Хималаите
и го закачам на вулканот Етна.
И да напишам:
„Те сакам и вечно ќе те сакам тебе“

 

На „Кики“

И во смртната душа
и на грабната врата
твојто слатко име
ке те шепна со уста
„Кики“ (Лете)

Од „Кикифо“ (Цене)

Лете! (Виолета)

Треската е болест
која почнува со студ
и завршува со оган,
а љубовта обратно.
Започнува со оган
а завршува со студ.

Затова Лете мисли што правиш, бидејќи ќе дојдат денови на покајание,
деновикога ќе сакаш да се вратат овие весели и безгрижни денови и години. Но тие само ќе бидат дадени во заборав.
Затова Лете:
„Што год учиниш припази више
послушај што ти другарица пише
ти си још мала да љубав водиш
сад Лете учи книгу
а кад одрастеш имај такву бригу
да ти никад нигде, никој не смета
и да ским хочеш и на крај света“

ПОСТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА…

Нема Коментари

Коментирај