Спасе Чутаноски во работна атмосфера...

Спасе Чутаноски

Спасе Чутаноски е еден од доајените на прилепското новинарство. Роден е во Прилеп во 1928 година.

По завршувањето на гимназиското образование во Прилеп, во 1948 година се запишал на Високата школа за новинарство и дипломатија во Белград. По дипломирањето се вработил во редакцијата на „Нова Македонија“ во Скопје. Имал чест да прави интервјуа со познати политичари од тоа време, меѓу кои и со Светозар Вукмановиќ-Темпо. Новинарската кариера ја завршил во редакцијата на весникот „Комунист“.

Во 1960 година, со указ на другарот Јосип Броз-Тито, бил одликуван со Орден на трудот од III ред, за посебно залагање и постигнување во социјалистичката изградба на земјата.

Нема Коментари

Коментирај