Сотир Нанев е роден во Прилеп. Македонија ја напуштил уште како младо момче во 1910 година.
Учесник е во Првата светска војна како резервен поручник во 18-от артилериски полк. По војната се вклучил во редовите на македонското движење, каде што гравитирал околу поддржувачите на Иван Михаилов.
По дипломирањето на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ се занимава како адвокат и работел како инспектор во Бугарската земјоделска банка и како директор на Кооперативната банка.
По поразот на левицата во ВМРО во Горноџумајските настани во 1924 година, Нанев влегува во редакцијата на „Илинден“.
Членувал во Националниот комитет на македонските братства и на Сојузот на македонските младински културно-просветни организации во Бугарија. Учествувал во потпишувањето на Софиската декларација меѓу усташите и Националниот комитет на Сојузот на македонските иселенички организации.
Сотир Нанев бил еден од првите бугарски офицери кои влегле во Македонија за време на воспоставувањето на бугарската окупација. Во Македонија престојувал помеѓу 10 и 19 април 1941 година, пред да влезат бугарските трупи во регионот. Во 1943 година бил назначен за реонски директор на Битола.
На 8 септември 1944 година, Нанев учествува во обидот за прогласување на Независна држава Македонија, создадена по моделот на Независна држава Хрватска како протекторат на нацистичка Германија.
При повлекувањето на германските трупи од Грција, Сотир Нанев издејствувал ослободување на политичките затвореници од битолскиот затвор, поради што добива смртна казна од германскиот Генералштаб.
Со помош на македонските партизани се враќа со семејството во Софија на 2 октомври 1944 година. Еден ден подоцна – на 3 октомври бил повикан на распит кај новите власти, по што е ликвидиран.
Сотир Нанев е погребан во Централните софиски гробишта.
Семејната куќа која е изградена со банкарски кредит му е национализирана а неговото семејство било оставено да живее во еден стан во истата задруга. Неговата сопруга со лекарска плата е оставена сама на себе да го издржува семејството и долги години да го исплаќа кредитот.
Автор е на книгата „Воскресение – Македонија 1941“.
Коментирај