Септември 1979: Зградата на Службата за опшествено книговодство

Служба за опшествено книговодство

Служба за опшествено книговодство

НЕ ДА ГОНИ, ТУКУ ДА УКАЖУВА…

7 септември 1979 година
„Народен Глас“

Службата за општествено книговодство има мошне сложена и одговорна задача. Со цел да се запознаеме поцелосно и поконкретно со нејзината дејност, разговаравме со директорот на филијала та во Прилеп Благоја Ацески.


Главна задача на нашата служба е превентивното делување во ООЗТ, за што поблиска соработка со самоуправните работнички контроли, со другите самоуправни органи, како и со стручните лица на организацијата вели тој.
Службата делува превентивно во смисла на укажување на законските прописи и нивната практична примена што, главно, е обврска на секоја организација што треба да ја спроведе. Меѓутоа, некои ООЗТ, како и другите корисници на општествени средства, се должни правилно и навремено да ги применуваат законските прописи, зашто Службата, во крајна линија, може да преземе и санкции.

ШТО КОНКРЕТНО МУ ОВОЗМОЖУВА СЛУЖБАТА НА ЗДРУЖЕНИОТ ТРУД

- Вршејќи ја својата функција, мy овозможува на здружениот труд право на познавање на релевантните факти, му ја презентира фактичката положба, информира и укажува на недостатоците, на слабостите и на пропустите, и тоа не само кога постои повреда на законот или законитоста, туку и со превентивно делување и укажување на слабостите, на економското однесување, недомаќинското однесување и сл., а ги штити интересите на работните луѓе во здружениот труд.
Посебно значење им се придава на евиденциите кои секако претставуваат важен инструмент за планирањето и тоа како во границите на секоја поединечна ООЗТ, работната организација, општината и во рамките на општеството во целина.

КОНКРЕТНО

Другар Ацески, што е приоритетно денес во вашето работење, на што посебно внимавате?
-Во нашата Општина, имајќи ја предвид постојаната економска состојба на стопанството, посебно внимаваме на инвестициите и прикриените загуби. Неправилната инвестициона политика е една од поглавните опасности за неликвидноста, а со тоа и за нестабилноста. Слична е состојбата и со загу бите, односно прикриените загуби. Прикриените загуби даваат погрешна слика за финансиската состојба на организацијата и тие носат опасност за тивко и неосетно тонење. Но работите успешно ги обавуваме со вкупно 85 вработени лица и со Центарот за обработка на податоците.

-Што овозможува, конкретно, автоматизацијата на Центарот?
Со автоматизацијата циркулацијата на општествените средства меѓу корисниците на услугите се забрзува. Промените што настануваат помеѓу корисниците на општествените средства се регистрираат уште истиот ден и се доставуваат до корисниците објаснува Ацески.
-Хуманизацијата на трудот на работникот при извршувањето на платниот промет е далеку зголемена: со автоматизацијата времето за извршување на платниот промет е намалено. Работните операции се извршуваат автоматски. Во наредниот период е предвидено воведување на терминали со чија помош во истиот момент ќe се врши циркулација на платниот промет. Имено, на тој начин нема да се движат средствата на корисниците по неколку дена по каналите на платниот промет.

ЕФИКАСНОСТ

Иако Службата не е орган за гонење и казнување и при вршење на своите задачи во принцип не настапува со единствена цел да открива кривични дела, престапи или прекршоци. Таа е должна констатираните недостатоци да ги евидентира и да ги пријави на надлежните органи. Службата мора да биде ефикасна, особено во откривањето на покрупните оштетувања на општествениот имот, тргнувајќи од тоа дека јакнењето на законитоста и општествената дисциплина се важни претпоставки за несметано функционирање на самоуправниот социјализам и успешен развој на општествените самоуправни односи во нашата земја подвлече Ацески.
И додаде: Всушност, без Службата, односно без делување на Службата, нема гаранција дека ќе биде сочуван интегритетот и карактерот на општествената сопственост и дека ќе дојде целосно до израз правото на работникот да располага со плодовите на својот труд.
Прилепската филијала во изминатиот период успешно си ја извр ши својата задача. СОК е и ќе биде во служба на здружениот труд.

Нема Коментари

Коментирај