13 ноември 1980: Иницијативниот одбор на СПАТУ - Прилеп

Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања

СПАТУ – СОЈУЗ НА ПРОНАОЃАЧИ И АВТОРИ НА ТЕХНИЧКИ УНАПРЕДУВАЊА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП


На основачкото собрание одржано на 13 ноември 1980 година по одлука на иницијативниот одбор е формиран Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на општина Прилеп.

ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР:

1. Костоски Велев Борис, вработен во Тутунски комбинат-Прилеп.
2. Костоски Атанас Трајче, вработен во Сојуз на организации за техничка култура – Прилеп.
3. Зеловски Вангел Цветан, вработен во “Пролетер”
4. Петреска Јонче Новка, вработена во Гимназија “Мирче Ацев”
5. Стојков Димитар Спиридон, вработен во „Институт за тутун“
6. Велески Драгољуб, вработен во “Микрон” Прилеп.
7. Смугрески Димев Трајче, вработен во “Металец”
8. Наумоски Миле, вработен во “Витаминка”
9. Глигороски Н. Славчо, вработен во “Димче Бањарот”
10. Цветаноски Крсте Сотир вработен во Радио-клуб “Никола Тесла”
11. Соколоски Благоја Борис, вработен во Економски факултет Прилеп.

 

ЗАПИСНИК

Од првата Конференција на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на општина Прилеп, одржана на ден 13.11.1980 година.

 

ДНЕВЕН РЕД

1. Избор на работни тела.
2. Усвојување на Деловникот за работа на Конференцијата.
3. Реферат за местете и улогата на Сојузет.
4. Дискусија.
5. Денесување на Статут.
6. Донесување на основнах програма за активностите на Сојузет,
7. Избор на Претседателство, претседател, секретар и Орган на самоуправна контрола.
Конференцијата ја отвори другарот Кирил Грашески кој го предлежи и дневниот ред на Конференцијата.
Во работното претседателство беа избрани другарите: Костоски Боро, Зелоски Цветан и Цветаноски Сотка.
За записничар Стојков Спиридон.
Предложениет Деловник за работа на Конференцијата беше едногласно усвоен од страна на делегатите.
Реферат за местото и улогата на Сојузот поднесе другарот Кирил Грашески.

По рефератет се разви дискусија во која зедоја учество:

Костески Боре: Во својата дискусија се осврна на местото и улогата на СПАТУ во услови на прилепското стопанство. Тој ја истакна важноста на секојдневната примена на иновациите и рационализациите во непосреднето производство, како и научно-истражувачката работа во ООЗТ каде за тоа постојат услови. Тој посебне се осврна на работата на иноваторите и рацианализаторите во Тутунскиот комбинат како и за мерките што се преземаат за нивне стимулирање.

Стојчески Кире: Го истакна значењето на организирањето на работните луѓе во непосредното производство како чинител кој ќе го поттикне иноваторството и рационализаторството. Посебно е истакна улогата на активите и донесување на нормативни акти кои ќе го стимулираат иноваторството и техничкиот прогрес. Истакната беше и улогата на непосредниот производител, кеј во секојдневната своја работа може во голема мера, со примена и на најмали иновации и рационализации на производството да придонесе за зголемена продуктивност и заштеда во работењето.

Костески Методија: Делегат од Мермерниот комбинат ги подржа предходни те дискутанти. Тој зборуваше за улогата на Сојузот врз непосредните производи и  во поттикнување на иноваторството и рационализаторството како и за афирмација на младите луѓе, со што би се намалил увозот на лиценци и патенти од странство.

Зелоски Цветан: Се осврна на работата на годишното собрание на СПАТУМ одржано во Скопје каде што станало збор за местото и улогата на иноватерството и рационализаторството во производството што треба да се афирмира во нашето општество, како и за тенденцијата што постои за формирање на вакви активи во општините и работните организации, се што би се пристапило организирање во поттикнување на рационализаторството и пронаоѓаштвото. Со примена на иновации и рационализации само во мината година се заштедени средства ве износ од 650 миљони динари ште секако е голем допринос во условите на економската стабилизација. Од голема важност е секако и припремањето на Законот за пронаоѓаштвото и рационализаторството со што секако би се намалил увезот на патенти и лиценци од странстве кое од друга страна би девело до значајни заштеди на девизни средства. За значењето на иноваторството и рационализаторството секако говори и општествениот договор со своите 52 потписници кои се обврзуваат да превземат мерки, изработат правилници за наградување и стимулирање на иноваторите.

Стеваноски Методија: Ја поздрави иницијативата и формирањето на СПАТУ – Прилеп, која секако ќе допринесе за поттикнување на иноваторството на работните организации во нашата општина што секако ќе биде голем допринос во стабилизационите мерки што се преземаат. Тој посебно се заложи за афирмација на иноваторите и рационализаторите преку Синдикатот и другите општествено политички организации.

Грашески Кирил: Ја истакна улогата на друштвата и активите што треба да се формираат во ООЗТ, кои ќе бидат носители на унапредувањето на техничката култура, иноваторството и рационализаторството во условите на современото производство.

По петтата точка на дневниот ред усвојувањето на Статутот на СПАТУ-Прилеп делегатите едногласно се изјаснија на негово усвојување и прифаќање.
По шестата точка од дневниот ред едногласно беше усвоена и основната програма за активностите на Општинскиот СПАТУ.
По последната течка од дневниот ред се пристапи кон избор на Претседателство, претседател, секретар и Орган на самоуправната контрола на СПАТУ-Прилеп.

Во Претседателството на СПАТУ-Прилеп беа предложени другарите: Костоски Боро, Зелоски Цветан, Смугрески Трајче, Глигороски Славе, Стојков Спиридон, Цветаноски Сотка и Петреска Новка.

За претседател предложен беше Костоски Борис, делегат од “Тутунски комбинат“, за секретар Зелески Цветан делегат од ф-ка “Пролетер”.
За членови во Органот за самоуправна контрола предложени беа другарите: Соколоски Борка делегат од Економски факултет, Велески Драган делегат од ф-ка “Микрон” и Наумоски Миле делегат од ф-ка “Витаминка”.
Предлогот за избор на членови на претседателствоте, претседател, секретар и членови на самоуправната контрола беше едногласно усвоен од делегатите на Конференцијата.
Конференцијата донесе одлука да се формира Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на општина Прилеп и го овласти и задолжи Претседателството да го регистрира Сојузот во регистарот на друштвата и здруженија на граѓани при СВР-Прилеп.
На Конференцијата од вкупно 33 делегати присуствуваа 26 со што сите одлуки донесени на Конференцијата се полно важни.
Со последната точка од дневниот ред е заклучена и првата Конференрција на СПАТУ – Прилеп.
Записничар:                                                         Работно претседателство:
Стојков Спиридон                                            дипл. Инж. Борис Костоски

Нема Коментари

Коментирај