Препис од сметководствената работа на револуционерниот комитет во Прилеп
Овој документ е една мала тетратка од десет листа, составен од два дела. Оваа тетратка денес треба да се наоѓа во архивот на град Прилеп. Во неа се прикажани голем број на пропусти и финансиски злоупотреби од благајниците и лицата кои располагале со средствата.
За жал, Илинденското востание освен што ги симболизира вековните стремежи на поробениот народ да дојде до посакуваната слобода, исто така е шанса за некои луѓе да се стекнат со богатство. Најдобар доказ за тоа е изјавата на Ѓорѓи Сугарев, на состанокот што го закажал во централното основно училиште во Битола, со која ги осудува воените профитери:
„Додека ние се боревме, мизерувавме и гиневме, некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“.
Чесниот Сугарев, низ својот борбен век, биел уште една битка, која на свој начин претставувала срамно предавство на делото – злоупотребата на парите на Организацијата. Таквиот чин бил на рамништето на најголемо предавство за самиот Сугарев. Таа битка непосредно довела до уште едно предавство, кое завршило со смртта на Ѓорѓи Сугарев. Барањето отчет за примените и потрошени организациони пари предизвикало отпор кај некои од членовите на Организацијата во Битолскиот револуционерен округ, кои работеле со парите.
Не сакајќи да поднесат точни податоци, односно, кој од кого, кога и колку пари прибрал и на кого му ги предал, луѓето кои запловиле во нечесни води, на состанокот што го закажал Сугарев во централното основно училиште во Битола, наместо да се покаат, започнале со директни напади врз Сугарев, кој не можел да ја прости нечесноста. Во бурните расправии бил ликвидиран еден од најупорните опоненти на Сугарев.
Оттогаш започнала уште пожестока борба против Сугарев и чесните дејци на ВМОРО. Со Отвореното истапување на Сугарев против проневерителите на организациони пари, како и со се поотворените и почести критики на луѓето од Битолскиот Окружен комитет, Сугарев веќе станал мошне опасен и незгоден за секретарот на ТМОРО во Битолскиот округ, учителот Петар Лигушев и неговите следбеници.
Кон Сугарев, Ѓорѓи Поп Христов, ѓаконот Евстатиј, Крсто Гермов и други организациони дејци, Лигушев се решил, преку предавство да се ослободи од нивната беспоштедна критика, со што Сугарев станал една од неговите први жртви.
Коментирај