Славица Конеска – атлетичарка на АК „Трети ноември“.
Била повеќекратен првак и рекордер на 100, 200, 400 и 600 метри и победник на повеќе републички крос натпревари. Има настапувано во сите спортски центри во Југославија и има постигнато извонредни успеси. На државното првенство за железничари во Сараево била прва на 400 и 800 метри.
Во 1970 година на младинското државно првенство во Осијек постигнува нов младински рекорд на 600 метри.
На интернационалниот крос во Мезидон, Франција, го освоила бронзениот медал. Била и кандидат за репрезентацијата на Југославија за Олимписките игри во Минхен. На 16-годишна возраст ја освојува највисоката награда во Прилеп – Спортист на годината.

Коментирај