1934: СК Хајдук од Прилеп

СК „Хајдук“

СК „Хајдук“ е основан во 1934 година од напредни младинци од Прилеп.

Иницијатор за формирање на СК „Хајдук“ е Александар Самарџиоски-Цане, а првичното членство на клубот се состоело од сиромашниот дел на градот во Ѓогдере.

Основачкото собрание било одржано на 22 јули 1934 година, а за прв претседател на клубот бил избран Метдоија Андонов-Ченто.

Во рамките на сочуваната документација, значајно е да се одбележи и добивањето на бесплатни билети за 70 членови на клубот, добиени од пратеникот на Крушево, Душан Антониевиќ, со кои клубот патувал до Белград преку Косовска Митровица на 18 октомври 1940 година, а се вратиле преку Ниш. Од ова патување потекнува и фотографијата на терасата на зградата од весникот „Време“ (денешна „Борба“), од 21 октомври 1940 година.

За СК „Хајдук“ во 1934 година настапувале: Александар Самарџиоски, Селани Ибраимовиќ, Кирил Конески-Чепорошката, Киро Николоски-Наутаро, Блаже Хаџиспиркоски, Ангеле Ристески, Стеван Петрески, Томе Николоски-Главчето, Методија Крстески-Куличо, Иван Тренкоски, Борка Николоски-Беќарот, Трајко Јанкоски-Максимо, Илија Николоски-Беќарот.

Во сезоната 1939/40, клубот го освоил првото место во Јужната зона, пред СК „Југославија“ од Прилеп.

Во 1939 година клубот требало да гостува во Солун, но заради тоа што во возот фудбалерите пееле македонски песни, грчките власти го забраниле гостувањето во Солун. Сепак, на 30 ноември 1939 година, клубот гостувал во Лерин, каде што со домашната екипа на СК „Елас“ одиграле пријателски натпревар, кој завршил со 3:2 за домашните.

Нема Коментари

Коментирај