РИСТО ЈАНАКИЕСКИ
Претседател на ФК „Победа“ во 1971 година
Како претседател на Победа, веднаш по преземањето на функцијата, енергично се ангажира во средувањето на приликите во клубот: организациони, финансиски, кадровски и други и во тоа наполно успеа.
Особено треба да се нагласи дека благодарејќи на неговата виталност, ретко видена ангажираност и упорност во работата, ФК Победа прерасна во колектив во кој владеат самоуправни односи, меѓусебно другарско разбирање и монолитност.
Има работено повеќе години во Управниот одбор, како член, а една година работи во клубот како генерален секретар. Како заслужен фудбалски работник тој е избран во Лига Одборот на ФСЈ како претставник од фудбалските организации на Македонија. Во 1970 година од страна на Општинскиот сојуз на организациите за физичка култура во Прилеп, за неговото извонредно залагање, придонес во врска со развитокот на фудбалот во Прилеп, дадено му е признание и подарок рачен часовник.
По негова иницијатива се отпочна со пишувањето на публикацијата „30 години Гоце Делчев – Победа“. Во тек на нејзиното издавање, огромен удел од работите ги зеде врз себе обавувајќи ја дејноста како Главен уредник, само благодарејќи на неговата извонредна ангажираност и упорност, и покрај многуте тешкотии успеа заедно со своите соработници да го издаде овој значаен документ.
Извадок од публикацијата „30 години Гоце Делчев – Победа“
Коментирај