Трајко Конески

Трајко Конески

Трајко Конески (Снагата, Пирински, Шнајдеро) е роден во Прилеп во 1917 година, во Варошко маало.

По завршувањето на основното образование го изучил шнајдерскиот занает. Во 1939 година станал член на Комунистичката партија.
Учествувал во октомвриското востание и бил припадник на партизанскиот одред „Гоце Делчев“.

Кон крајот на февруари 1942 година по претходна провала на Трајко Пајмакот на еден пододбор на Народна помош се уапсени Димче Конески, Блаже Секулоски, Киро Мерипушка, Васе Крстеска и др.
Бугарската полиција, немајќи комплетни податоци за идентификација, наместо да го уапси Трајко Јусуфо исто така шнајдер, по грешка го апси Трајко Конески.
Додека се во притвор другите притворени му посочуваат на Трајко дека е уапсен по грешка но за тоа не смее да им каже на бугарските власти.
Трајко Конески за време на притворот е подложен на сослушување и тепање со цел да извлечат признание од него, но Трајко не открил ништо.
Поради немање на докази по две недели е пуштен од притвор.
Во 1943 година заедно со повеќе прогресивни младинци од Прилеп бил интерниран на превоспитување во логорот во Храбарско, Бугарија.

По војната работел во секторите на МВР во Прилеп и Битола. И покрај неговите заслуги, Трајко Конески не бил удостоен со одликувањето „Партизанска споменица 1941 година“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc