Трајко Бошкоски - Тарцан

Трајко Бошкоски – Тарцан

Трајко Бошкоски – Тарцан (Илинденски) е роден во Голем Радобил на 12 јуни 1918 година.

Станал активен член на СКОЈ од 1935 година. Учествувал во работничкото движење во Белград во 1937 година. Во времето на Илинденските демонстрации во 1940 година одржал два забележителни говора. На 8 октомври 1941 година, при една провала на бугарската полиција, успеал да избегне апсење, додека неговите другари Аспарух Корубинов и Стефан Стојанов биле уапсени.

Тој е еден од организаторите на нападот на полицискиот участак во Прилеп на 11 октомври 1941 година.

Како член на КПЈ од 1941, бил член на МК на КПЈ во Прилеп, политички комесар на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“, инструктор на ПК на КПЈ за Македонија од декември 1941 година, политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб од април 1942, политички комесар на велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ од септември 1942 година.

Петпати бил осудуван на смрт од бугарските судови. Тешко бил ранет на Божик во 1943 година. Неговите соборци го оставиле во една колиба, но бил предаден и во нерамна борба со бугарските воени и полициски сили, со последниот куршум се самоубил.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc