Тале Христов...

Тале Христов

Тале Христов – Егомонт е роден на 29 јуни 1880 година во Прилеп.

Учeл во Битолската гимназија, каде што се вклучил во редовите на ВМРО. Активно учествувал во кружокот на Внатрешната организација, раководен од Даме Груев. Во 1900 година ја завршил гимназијата и во 1901/02 година учителствувал во Прилеп.
Поради своите револуционерни активности, бил уапсен од турските власти и осуден на една година во Битолскиот затвор.

Во мај 1903 година, на Смилевскиот конгрес учествувал како делегат на Прилепскиот револуционерен реон. По конгресот станал четник во четата на Петар Ацев.
Истата година со група четници е испратен од револуционерниот комитет од Прилеп, со цел да се соберат средства за набавка на оружје за Тиквешкиот револуционерен реон.
На 19 јули во, во Беловодичката планина, групата е откриена од турските власти. Во борбата со аскерот групата е разбиена при што загинуваат 17 четници.
Тале Христов, тешко ранет успева да се скрие во пештера во местоста Студеница, каде што по неколку денови на 24 јули им подлегнал на раните.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc