Зборните чети во 1903 година. Петров е во петтиот ред, втор одлево надесно по Јане Сандански.

Спиро Петров

Спиро Петров познат и како Спиридон Петров, Спиро Славејот, Спиро Пејачот или Љуботски, е македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Спиро Петров е роден во Прилеп. Се занимавал со трговија и поседувал бакалница во Софија. Во 1895 година се вклучил во Четничката акција на Македонскиот комитет. Подоцна се присоединил кон ВМОРО и од 1901 година станал четник во четата на Јане Сандански.

Спиро участвувал во аферата „Мис Стон“. За време на Илинденското востание бил определен за мелнички војвода. При крајот на август 1903 година, заедно со четата на ВМОК, на чело со Константин Настев, пренесувале оружје од Банско за востаниците во Мелничко. На 4 септември двете чети биле откриени во атарот на селото Пирин, под врвот Кукла во Пирин, каде што воделе драматична битка со турскиот аскер, во која загинал војводата Петров, заедно со шестмина свои четници.

Христо Силјанов пишува: „Спиро Петров беше голем песнаџија. Пееше и за време на битката, додека еден непријателски куршум не ја прекрати песната и неговиот живот“.

Отсечените глави на војводата Спиро Петров и четникот Димитар Гајгуров, биле предадени од Турците на жителите на село Пирин, кои ги погребале до апсидата на црквата „Свети Никола“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc